Македонски собир во Мелник пред споменикот на Јане Сандански, „да бидеме Македонци и да не се плашиме од тиранијата“

1

На собирот во градот Мелник, пред споменикот на Сандански, беше одржан народен собир на кој учествуваа Македонците од Бугарија, припадници на ОМО „Илинден – Пирин“, како и гости, Македонци од Грција, Македонија и од други земји.

Пред присутните се обрати Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден – Пирин“. „Јане остави големо политичко и идејно наследство, кое е живо и денес. Да не се плашиме од тиранијата, да се бориме за своите права, да бидеме она што сме – Македонци. Да ја сакаме Македонија и да не мразиме ниту еден народ“, порача Стојков.

Тој додаде дека идејата на Јане била за слобода, правда и обединување на народите, а не за цепење територии. Стојков истакна дека ниту тогаш, ни денес Македонците од Бугарија не сакаат да земат нешто што не им припаѓа, туку бараат достоинство и рамноправност.

Стојков потсети дека во Бугарија официјално се негира македонскиот идентитет на Јане Сандански. „Се негораат неговите идеи и се обидуваат даго избришат неговиот дух. Зошто? Затоа што признавањето на Јане како Македонец значи признавање на постоењето на македонскиот народ“, рече Стојков.

Тој порача дека Македонците во Бугарија сакаат само едно – вистина, правда и достоинство. „Да бидеме Македонци и да бидеме рамноправни граѓани на Бугарија и Европската Унија. Да почитуваме и да бидеме почитувани“, потенцираше тој.

Стојков ја заврши пораката со мислите што го инспирирале и Јане Сандански: ‘Робот се бори за слобода, слободниот за совршенство. Народите се браќа и како браќа треба да живеат’. Ние секој ден ја избираме вистината, слободата и правдата. И додека сме живи – ќе се бориме!“, заклучи Стојков.

На семакедонскиот традиционален собир присуствуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Сајковски, Ковачки и Мицевски, кои на фејсбук објавија: „Македонски национален херој, војвода и водич на Македонската револуционерна организација, кој до крајот на својот живот останал да се бори за самостојна Македонска држава“.

Makedonski