Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

4

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во Владимир Путин, пренесува „Гардијан“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли оти Володимир Зеленски е подготвен да се откаже од Крим, и покрај претходните тврдења на неговиот украински колега за полуостровот на Црното Море, кој беше припоен од Русија во 2014 година.

Говорејќи вчера пред новинарите на аеродромот во Њу Џерси, еден ден по средбата со Зеленски во Ватикан, Трамп рече „Мислам така“, како одговор на прашањето дали мисли дека Зеленски е подготвен да се „откаже“ од територијата.

Зеленски минатата недела рече дека Украина не може да го прифати американското признавање на руското припојување на Крим, откако Трамп го обвини за непопустливост по ова прашање. Зеленски во петокот кажа дека тоа е територијата „сопственост на украинскиот народ“.

 

Makedonski