Одбележан еден од најкрвавите датуми во поновата историја на Македонија

35

Со положување на свежо цвеќе и пораки за конечно решавање на статусот на бранителите воедно и барања за изградба на достоинствен спомен обележје за загинатите бранители беше одбележан денот на најкрвавиот масакар во поновата историја на Македонија, во 2001-та година близу село Вејце.

На чествувањето присуствуваа претставници на министерствата за Одбрана и Внатрешни работи, претставници на политички партии, поранешни воени и полициски официри, здруженија на бранители, навивачката група „Војводи“ од Тетово и граѓани почитувачи.

На панихидата беше истакнато за потребата од достоинствено спомен-обележје особено поради фактот дека веќе на територијата на Тетово постојат „грандиозни“ споменици на учесниците во воениот конфликт на страната на ОНА.

Сите ние живееме со Албанците, сите заеднички функционираме во Тетово и околината и сметаме дека ниту на нив нема да им е проблем што се бара споменик на бранителите, особено поради фактот што овој конфликт беше предизвикан од страна на „надворешни сили“ од Косовскиот заштитен корпус. Тоа значи дека на овдешните албанци нема да им смета достоинствен споменик, баш тука во село Вејце.

истакна Марин Најдов од Одборот на Бранители кој беше организатор на целиот чин на чествувањето по повод годишнината од „Масакрот во Вејце“ во 2001 година.

Makedonski