Битиќи: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка
Поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи денеска одржи прес-конференција и ја презентира проекцијата на Светската банка за годинешниот економски раст на Македонската економија.
Светската банка ја ревидираше својата проекција за растот на македонската економија за 2025 година од 3,0% на 2,6%. Надолната ревизија продолжува и за 2026 година, со очекуван раст на БДП од 2,7%, наместо претходно проектираните 3,2%. Станува збор за сигнал кој произлегува од реалните економски текови, не од желби и политички маркетинг.
Битиќи истакна и дека:
Ако ја погледнеме и регионалната перспектива, Северна Македонија се соочува со уште еден неповолен факт – нашата земја има најниска проекција за раст во регионот на Западен Балкан за 2025 година и под регионалниот просек од 3,2%. Истовремено Светска Банка забележува дека земјата се соочува со проширен фискален дефицит, слабеење на трговската позиција, номинално забавување на инфлацијата, но притоа идентификувајќи домашни ценовни притисоци кои сигнализираат дополнителни ризици за стабилноста на куповната моќ
На прес-конференцијата беше истакнато дека ако нешто е опасно за економијата, тоа не е надолната корекција проекција на Светска банка, туку високата самодоверба во сопствените илузии.
Вчера пак со објава на социјалните мрежи поранешниот Mинистер за транспорт и врски Љупчо Балкоски праша „Дали Владата ќе превземе нови економски мерки за решавање на овие економско социјални предизвици или ќе чека да види што останатите земји ќе превземат? Со оглед на проекциите на Светската банка во однос на земјите од регионот каде што Македонија е на последното место по економски „раст“ за 2025 година.