Вучиќ најави две средби со американскиот претседател Доналд Трамп, а Мицковски?
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредниов период на два одвоени настани планира да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Не ме држете за збор ги испомешав датумите и различните временски зони, но средбите ќе се случат деновиве.
Вучиќ кажа и дека во август или септември очекува и посета на италијанската премиерка Џорџа Мелони која ја прикажа со пиетет и според моќноста ја спореди со Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен.
Според сево ова се поставува логично прашање, ако Вучиќ со сета негова „позиција“ има план да се сретне со американскиот претседател дури два пати, колку пати ќе треба Христијан Мицковски да се сретне со Трамп кој важи за наш најголем сојузник и стратешки партнер. Останува да видиме.