Денес средба Таравари и Мицкоски, ќе остане ли АА во Влада?

5

Средбата која ќе се одржи денеска ја потврди премиерот Мицкоски кој рече дека сака да слушне за предизборните калкулации на Алијанса и потенцираше дека со министеротТаравари имаат секојдневна редовна комуникација како колеги во Владата. Претходно, од ВМРО ДПМНЕ изјавија дека не отстапуваат од изборното ветување дека ДУИ ќе биде во опозиција и оти доколку некој смета дека треба да соработува со нив, несомнено ќе биде во опозиција, дополнувајќи дека досега нема никаква официјална најава од Таравари дека ќе коалицира со нив, но и оти ако тоа се случи, ќе се смени и реалноста. Во меѓувреме не стивнуваат партиските реакции за заканите на Ахмети дека доколку поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани ќе излезат на улица и никогаш повеќе нема да се вратат.

Останува ли Арбен Таравари во Владата на Христијан Мицкоски или сепак ќе замине во прегратката на опозициската ДУИ ќе се знае денеска за кога е закажана средбата на која единствена тема ќе биде понатамошното функционирање на Алијанса во владината коaлициjа. Средбата ја потврди премиерот Мицкоски кој рече дека сака од прва рака да слушне за предизборните калкулации на Алијанса и потенцираше дека со министерот Таравари имаат секојдневна редовна комуникација како колеги во Владата.

-Таква средба ќе има неделава, ако не се лажам тоа ќе биде утре, но треба да го погледнам распоредот. И на таа средба јасно сакам да слушнам став кој и медиумите ќе го слушнат, дали е точно дека има договор меѓу партијата на Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку 5 или 6 општини каде тој ќе извади свои кандидати, а ДУИ нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себе понижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене е неприфатливо како претседател на Владата, изјави вчера премиерот Мицкоски.

Претходно, од ВМРО ДПМНЕ изјавија дека не отстапуваат од изборното ветување дека ДУИ ќе биде во опозиција и оти доколку некој смета дека треба да соработува со нив, несомнено ќе биде во опозиција, дополнувајќи дека досега нема никаква официјална најава од Таравари дека ќе коалицира со нив, но и оти ако тоа се случи, ќе се смени и реалноста.

Дека се поизвесно излегувањето на Алијанса од Владата покажа и однесувањето на довчерашните коалициони партнери од Вреди на официјалното започнување на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар. Имено, иако на исто место и во исто време се сретнаа Таравари со Изет Меџити и Билал Касами, не се поздравија ни куртоазно. Таравари му пружи рака на премиерот Мицкоски, но не и на бившите колеги. Симптоматично е тоа што ден претходно, во Слупчане, Таравари се поздрави со Али Ахмети.

Makedonski