ДУИ му се налути на премиерот: Мицкоски никогаш нема да биде тутор на Албанците

2

Неговата последна изјава – во која јавно сугерира со кого треба да коалицира Арбен Таравари – претставува опасен и неприфатлив обид за реконфигурирање на политичката волја на албанските гласачи. Ова е црвена линија што никогаш досега не е премината – и што никогаш нема да биде дозволено да се премине, велат од ДУИ.

„Никој, а најмалку Христијан Мицкоски – политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам – нема ниту морален, ниту политички легитимитет да го дизајнира албанското политичко претставување. Овие негови постапки не се само навреда кон политичката зрелост на Албанците – тие се директно поткопување  на неговата позиција како премиер. Тој веќе го има загубено кредибилитетот да биде долгорочно решение во една мултиетничка држава. Албанското политичко претставување произлегува исклучиво од волјата на  граѓани Албанци– автентично, достоинствено и слободно. Мицкоски не е и никогаш нема да биде тутор на политичко претставување на Албанците“, велат од ДУИ.

Makedonski