Ватикан го исклучува телефонскиот сигнал за време на конклавата

2

Ватикан вчера соопшти дека ќе го прекине телефонскиот сигнал за мобилните телефонски мрежи за време на конклавата каде што ќе се избира новиот папа, што нема да се однесува на плоштадот „Свети Петар“.

Ватикан соопшти дека од среда, 7 мај во 15 часот, сите системи за пренос на телекомуникациски сигнали за мобилни телефони на територијата на државата Ватикан… ќе бидат деактивирани.

Сигналот повторно ќе биде вклучен по објавувањето на изборот на папата, се наведува во соопштението.

Прекинот на сигналот нема да се однесува на плоштадот „Свети Петар“, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Илјадници верници се очекуваат на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“, чекајќи го објавувањето на наследникот на папата Франциск, кој почина на 21 април.

Makedonski