Долгоочекуваниот подкаст на Љубчо Георгиевски стартува во понеделник (12.05.2025)

461

Веќе извесен период поранешниот премиер на Република Македонија и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски најавува свој подкаст каде што ќе може да се слушнат информации и факти од историјата на Македонија.

Почнувајќи од идниот понеделник (12.05.2025) во 18:00 часот стартува со емитување подкастот „Македонска историја со Љубчо Георгиевски“.
На подкастот се планирани анализи и дискусии по историски теми поврзани со Македонија, како и многу информации и факти кои се помалку етаблирани во македонскиот информативен етер.

По премиерата на 12.05.2025 секоја нова емисија ќе може да ја погледнете секој втор понеделник во месецот од 18:00 часот на „Јутјуб“ каналот на Македонски Радио Портал.

 

Makedonski