Лазаров го одреди составот за Естонија: Томовски се враќа на голот, деби за Ивановски!
Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) и гостува на Естонија во претпоследниот квалификациски дуел за пласман на Европското првенство 2026 година. По поразот на Литванија од Словенија, нашите ракометари имаат шанса да завршат како второпласирани во својата група.
Селекторот, Кирил Лазаров за овие две средби во меѓувреме се соочи со бројни проблеми, листата на повредени се зголеми. Од Мундијалот го нема еден од најдобрите наши репрезентативци, Марко Митев, а за овие две средби нема да може да помогне ниту Мартин Велоковски, поради повреда отпадна Марко Стојковиќ, како Цветан Кузманоски.