Авионот на Вучиќ откако слета во Баку, го продолжи летот кон Москва

1

Авионот со кој претседателот на Србија, Александар Вучиќ, патуваше за Москва за да присуствува на одбележувањето на Денот на победата, 9 Мај, слетал во Баку, Азербејџан, и по добивањето на дозвола за прелет, го продолжи патот кон руската престолнина.

Податоците од „Flightradar24“ покажуваат дека авионот од типот „Ембраер“ денеска полетал од аеродромот во Белград и слетал во Баку и по кратка пауза продолжил кон Москва.

Како што јавуваат српските медиуми, сите земји претходно ја дале дозволата за прелет, но поради борбените дејствија меѓу Русија и Украина, потребно било да се потврди дозволата.

Според информациите објавени од рускиот „Спутник“ претпладнево, Вучиќ патува за Москва со цел да присуствува на Парадата на победата што се одржува на Црвениот плоштад.

Претходно беше најавено дека во рамки на посетата е планирана и билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, што го потврди и Кремљ.

Makedonski