Ливерпул после петтото коло е единствен тим со максимален учинок во Лигата на шампионите

8

Фудбалскиот клуб Ливерпул после одиграни пет рунди во Лигата на шампионите е единствен тим со максимален учинок, а Реал Мадрид пак го забележи третиот пораз.

Првото полувреме на натпреварот протече без голови но со голем број прекршоци па судијата Франсоа Летексје морал да реагира и поделил четири жолти картони, три за Ливерпул и еден за Реал Мадрид.

Во периодот на второто полувреме играта беше повозбудлива. Прв во мрежата на гостите гол упати Алексис Мекалистер во 52 минута од мечот, а конечниот резултат на натпреварот го постави Коди Гакпо во 77 минута.

Меѓутоа помеѓу головите се промашија и два пенали –  прво Килијан Мбапе пропушти прилика да постигне погодок од белата точка во 61 минута со кој би го израмнил резултатот, а после и Мохамед Салах во 70 минута беше непрецизен.

Нареден ривал на Ливерпул ќе биде Џирона, а на Реал Мадрид екипата на Аталанта во Бергамо.

Makedonski