Место парада, Манчестер Ј. ќе прави скара ако ја освои Лигата на Европа
Манчестер Јунајтед нема да организира шампионска парада ако го освои трофејот во Лигата на Европа. Екипата на Рубен Аморим ќе се натпреварува за трофејот со Тотенхем следната среда, но според „Тајмс“, во случај на победа, „црвените ѓаволи“ не планираат парада или автобуска тура низ градот.
Се наведува дека оваа одлука е донесена поради зафатениот распоред. Неколку дена по финалето на Лигата на Европа, Бруно Фернандеш и компанија имаат натпревар од Премиер лигата со Астон Вила, а веднаш потоа тимот оди на турнеја.