Владата воведува нови правила за електронско плаќање патарини со цел поефикасно и побрзо патување

15

Со нова одлука, Владата ги менува условите за користење на електронските начини на плаќање патарини. Целта е да се подобри ефикасноста на системот, да се скрати времето на чекање на наплатните рампи и да се поттикне користењето на бесконтактни опции. Од Владата за „Блумберг Адрија“ изјавуваат дека промените ќе придонесат и за зголемена безбедност и намалување на злоупотреби, преку ограничување на човечкиот фактор и зголемување на задоволството кај граѓаните.

Клучни промени што се предвидуваат:

  • Минималното полнење на смарт-картичка се зголемува од 300 на 500 денари.

  • Цената на МТАГ уредот се намалува од 1.200 на 1.000 денари.

  • Минималниот износ за надополнување на МТАГ се зголемува на 1.000 денари (претходно беше 300).

  • Продолжување на рокот за плаќање на издадена казна од 24 на 48 часа.

  • 2% попуст за плаќање со смарт-картичка.

  • 3% попуст за плаќање со МТАГ, кој се пресметува автоматски при секое поминување.

  • Поголема дистрибуција на МТАГ уреди, кои ќе бидат достапни на повеќе локации преку овластени дистрибутери.

 

Со овие мерки, властите очекуваат да го зголемат бројот на корисници на електронскиот систем за наплата и да овозможат побрз проток на сообраќај, особено во периодите со зголемено движење како што е летната сезона.

Makedonski