ФФМ ја укина суспензијата и на капитенот на Гостивар

5

Фудбалската федерација на Македонија откако ја намали казната на Шкендија добиена за непочитувањето на минутата молк во натпреварот против Брера, сега ја укина и суспензијата за капитенот на Гостивар, Алпер Потук.

Гостивар беше казнет за напуштањето на теренот во 85. минута во средбата со Работнички, а Потук како капитен доби суспензија од две години, но по кратко време неговата суспензија е укината.

-Од фудбалската сезона 2023/2024 сум капитен на тимот на Гостивар. На натпреварот против ФК Работнички што се одигра на 27 април 2025 година, по одлука на Претседателот и Управата на КФ Гостивар, нашиот тим се повлече од теренот во 85. минута. Поради овој настан, како што е познато на јавноста, Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ме суспендира од натпревари во траење од 2 години. Оваа одлука не се темели на никаква правна основа и по нашата жалба до Комисијата за жалби на ФФМ, казната е целосно укината, а беше решено дека за споменатиот настан не може да ми биде изречена никаква казна. Им благодарам на сите што не’ поддржаа и помогнаа во овој процес и ја информирам јавноста дека ситуацијата е успешно разрешена, стои во објавата на Потук на социјалните мрежи.

Makedonski