Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина
Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа своите први директни мировни преговори од 2022 година, пренесува „Гардијан“.
Автобусот, кој беше нападнат во близина на градот Билопиља додека се движел кон Суми, бил „мета на Русите“, соопшти воената администрација.
„За жал, како резултат на напад од Руси на автобус со цивили, има мртви“, соопшти администрацијата. Бројот на загинати се искачи на девет. Во нападот се ранети четири лица“, соопшти управата.
Експлозијата се случила неколку часа откако Русија и Украина ги завршија своите први директни разговори по речиси три години во Истанбул без значителен напредок.