Френк Лампард нов менаџер на фудбалскиот клуб Ковентри

19

Френк Лампард е именуван за нов менаџер на англискиот фудбалски клуб Ковентри.

Лампард со Ковентри потпишал договор до јуни 2027 година.

Тој на клупата на овој клуб го замени Марк Робинс кој неодамна добил отказ поради покажаните лоши резултати.

Лампард порано ги тренираше фудбалерите на Дерби, Евертон и Челзи, а на клупата на Ковентри ќе дебитира во сабота на мечот од 18 коло на Чемпионшип-от против Кардиф.

Фудбалерите на Ковентри се наоѓаат на седумнаесеттото место на табелата со 17 бодови.

Makedonski