„Сребреница – Совеста на светот“ во организација на Странката за демократска акција на Македонија

6

Во организација на Странката за демократска акција во Македонија во овие моменти се одржува Меѓународна конференција насловена како „Сребреница – Совеста на светот“.

На конференцијата учествуваат претставници од различни политички партии кои суштествуваат во Македонија како и претставници од СДА Босна и Херцеговина, Сребреница и Санџак.

Како што ќе изјави претседателот на СДА Македонија, Џељо Хоџиќ ова е можеби единствената конференција во Македонија која соединува политичари од различни идеолошки профили кои даваат огромна поддршка во процесот на признавање на геноцидот во Сребреница.

Алија Табаковиќ од СДА Сребреница ќе рече:

Очекуваме и Србија денеска после 30 години да смогне сили и да го признае геноцидот во Сребреница.
Ред е да оставиме нормален свет на генерациите после нас. И покрај сите лекции кои очигледно не сме ги научиле, и покрај тоа што светот неколку пати рече НЕ и денеска се случуваат геноциди и истребувања на цели нации.
Да ја научивме лекцијата од Сребреница немаше денеска да ја имаме Газа и Украина.
Јас како млад со својот татко и брат смогнав сили и тогаш како 26 годишен да се вратам во Сребреница и продолжиме да живееме на местото каде што некогаш се истребуваше. И што е најважно, никој не посегна за одмазда, иако секојдневно среќаваме луѓе кои учествувале во геноцидот. Подобро е жртва отколку џелат.
Нашата одмазда е надежта за тоа никогаш никому да не се повтори Сребреница.

На конференцијата се планирани повеќе панели и има за цел да да биде цивилизиран и политички одговор на се понецивилизираните ставови во македонскиот политички простор кои имаат за цел да го негираат или релативизираат геноцидот во Сребреница.

Makedonski