Филипче: Не го поддржаа нашиот закон кој беше исклучиво наменет за помош – без политички мотиви, без калкулации

3

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изрази жалење што Законот предложен од СДСМ за финансиска поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани не доби поддршка во Собранието од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека предлог-законот бил подготвен исклучиво со цел да одговори на реалните потреби на настраданите семејства и не содржел никаква политизација.

„Не го поддржаа нашиот закон кој беше исклучиво наменет за помош – без политички мотиви, без калкулации – туку само за да се помогне на семејствата кои изгубија најмногу“, изјави Филипче, нагласувајќи дека родителите на жртвите не биле примени од страна на властите и останале неслушнати.

Тој оцени дека актуелната влада сè повеќе се изолира од реалноста, додека револтот кај граѓаните расте. Според него, властите остануваат без слух за проблемите со кои се соочуваат граѓаните – од ниските плати, растечките животни трошоци и притисоците врз бизнисите, до доцнењето на повратот на ДДВ.

„Гневот што луѓето го чувствуваат е сè поголем, особено по трагедијата во Кочани во која животите ги загубија 62 деца. Власта не покажува никаква свест за тоа“, рече Филипче, алудирајќи на недостигот од емпатија и конкретна акција од страна на владините институции.

Makedonski