Арапите повторно го „дрмаат“ европскиот фудбал: Инзаги доби вртоглава понуда
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги добил понуда да го преземе саудискиот Ал-Хилал со годишна плата од 20 милиони евра. Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ објавува дека претседателот на клубот Фахад бин Нафел веќе бил во Милано и преговарал со тренерот на финалистот од Лигата на шампионите. Доколку прифати, се очекува Инзаги да пристигне во Ријад на 1 јуни – само еден ден по големото финале на Лигата на шампионите, во кое Интер ќе се соочи со ПСЖ на „Алијанц Арена“ во Минхен.
Ал-Хилал минатата сезона стана шампион на Саудиска Арабија, но оваа, на две кола до крајот, нема шанси да ја одбрани титулата, бидејќи Ал-Итихад е веќе новиот шампион.