Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами
Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил лоциран 58 километри североисточно од Елунда, на длабочина од околу 60 до 69 километри, според различни проценки од Европскиот сеизмолошки центар (EMSC) и Американскиот геолошки институт (USGS).
Како што пишува британски Индепендент, иако досега нема пријавено повреди или материјална штета, потресот бил почувствуван низ целиот Крит, како и во некои делови на Турција и Израел. Жители пријавиле дека биле разбудени од тресењето на креветите, но властите не наредиле евакуација.
🔔#Earthquake (#σεισμός) M3.0 occurred 75 km NE of #Irákleion (#Greece) 20 min ago (local time 07:32:13). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/fU0bQHexmh
🖥https://t.co/TzhVPfFC4o pic.twitter.com/7aotuPz9DC— EMSC (@LastQuake) May 22, 2025
Според Индепендент, Европскиот центар за сеизмологија издал предупредување за можност од појава на цунами и ги повика граѓаните на Грција, Турција, Италија, Франција и Португалија да ги следат упатствата од локалните власти.
Грчката противпожарна служба соопшти дека сите нејзини сили на Крит се ставени во состојба на готовност, но досега не се добиени барања за интервенција.
Ова е втор силен земјотрес во регионот за само една недела – минатата недела 6.1 степен земјотрес ја погоди областа кај островот Касос. Регионот околу Крит се смета за една од сеизмички најактивните зони во Европа, поради сложениот тектонски судир меѓу африканската и евроазиската плоча.
Властите остануваат на високо ниво на готовност додека се следи ситуацијата.