Љупчо Балкоски: Непотребно задолжување на Владата за изградба на две железнички пруги

52
Поранешниот министер за транспорт и врски, Љупчо Балкоски на својот фејсбук отвора дилема и поставува прашање до Владата:
Дали е потребно Владата да се задолжува за изградба на две железнички пруги во ист правец Табановце-Гевгелија на Коридорот 10? Наместо тоа задолжување, Владата може и треба да ја доизгради и комплетира започнатата железничка пруга од Деве Баир-Ќафасан, на Коридирот 8. На тој начин ќе изградиме и ќе функционираат железнички линии на двата Коридори 8 и 10.
Доколку е потребна втора железничка линија на Коридорот 10, тогаш може да се примени Концесија за изградбата, употребата и користењето со определен рок.
За сето ова потребно е да се направат сегашни физибилити студии и проценки за да се постигне одржлив раст на регионален и државен план.

 

 

Makedonski