Промоција на книга „Ех, Конески…“

4

По повод 80 годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик, во Јавната општинска установа (ЈОУ) Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, во понеделник на 26.мај 2025 г. со почеток во 18:00 часот, ќе биде промовирана книгата „Ех, Конески…“ од авторката Марија Симоноска.

Промотор на делото е проф. д-р Елизабета Бандиловска.


Организатор на настанот е библиотеката „Борка Талески“ во соработка со Друштвото за наука и уметност и КЕЦ „Небрегово“

Makedonski