Каја Калас за посетата на Македонија: Припаѓате во нашето европско семејство
Таа и вчера за заедничката конференција за медиуми со македонскиот премиер Христијан Мицкоски изјави дека Европската Унија останува со Македонија на патот кон целосното интегрирање. „Македонија припаѓа во ЕУ. Вие имате навистина долга историја на усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, а тоа нам ни е особено многу важно во овие трубулентни времиња, кога гледаме дека има сериозни геополитички промени во светот“, рече Калас.