ТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА: Гоце Седлоски (Вардар)
По се она што го направи оваа сезона, пред се во текот на оваа пролет со Вардар, според “СпортСпорт“ токму Гоце Седлоски е тренерот на сезоната 2024/25.
Ова е изборот на нашата редакција, секако во силна конкуренција на Јетон Беќири (Шкендија) поради титулата во ПМФЛ и Горан Станиќ (Работнички) поради тоа што тимот од Градски парк го однесе во Европа.
Сепак Вардар, под водство на Седлоски е чудото во изминава сезона. Од последно место па на крајот до петтата позиција. Во пролетниот дел на 18 меча во низа, тука ги сметаме сите официјални, без пораз и на крај освојување на пехарот во Купот на Македонија, по пауза од 18 години, и со тоа изборување настап во Европа по пауза од цели осум години.
Еден од главните факторина тоа чудо секако дека е Седлоски.