Фредериксен: Украина има право на самоодбрана, вклучително и преку напади врз руски воени цели
Повод за коментарот на данската премиерка беше големата украинска офанзива во неделата, насочена кон неколку руски воздухопловни бази, спроведена од страна на украинската служба за безбедност (СБУ), пренесува „Ројтерс.
Сметам дека Украинците имаат право да се бранат, а понекогаш тоа вклучува и контраудари. Очигледно е дека во овој случај тие биле успешни.
изјави Фредериксен за време на самитот на лидерите од Северна, Балтичка и Источна Европа во Вилнус, Литванија.
Украинската безбедносна служба претходно потврди дека стои зад операцијата наречена „Пајакова мрежа“, која била подготвувана повеќе од една и пол година.
Во своето обраќање во Вилнус, Фредериксен го истакна значењето на засилување на одбранбените капацитети на Европа:
„Русија претставува закана за сите нас и затоа мора да го зајакнеме источниот фронт. И понатаму повикуваме на примирје, но истовремено мора да направиме сè што е потребно на бојното поле во Украина, за таа навистина да може да победи во оваа војна,“ изјави таа.