УЕФА ќе ја казни Барселона со одземање бодови во новата Лига на шампиони?
Барселона се соочува со забрана за настап во следното издание на Лига на шампиони поради кршење на финансиските правила на УЕФА втора година по ред, објави „Тајмс“. Челзи и Астон Вила исто така би можеле да се соочат со санкции, но во нивниот случај, тоа би била полесна казна, бидејќи ова е нивно прво прекршување на правилата.
Во октомври, Барселона ја загуби жалбата пред Арбитражниот суд за спорт (CAS) за казната од 500.000 евра за погрешно пријавување на профитот. CAS во тоа време изјави дека казната е лесна, но ја предупреди Барселона дека второто прекршување ќе резултира со построги санкции.