Голем интерес за практикантство во Општина Центар – следуваат интервјуа и избор на осум кандидати

4

Општина Центар започна со интервјуирање на студентите и апсолвентите кои се пријавија на јавниот повик за практикантска работа во општинската администрација. Според градоначалникот Горан Герасимовски, одѕивот бил значителен, што, како што истакнува, е показател дека младите ја препознаваат вредноста на искуството во јавниот сектор.

Драго ми е што голем број млади луѓе покажаа интерес за оваа можност. Верувам дека практикантската работа ќе им овозможи подобро разбирање на институционалните процеси и ќе ги подготви за идни професионални предизвици. Ова е начин да создадеме генерација млади кадри кои уште од студентски денови ќе се вклучат во градењето на подобро општество.

изјави Герасимовски.

По завршувањето на интервјуата, ќе бидат избрани осум практиканти кои ќе добијат можност да работат во различни општински сектори во текот на шест месеци. За својата ангажираност, секој од избраните кандидати ќе добива месечен надоместок од 15.000 денари.

„Очекувам овие млади луѓе наскоро да станат дел од тимот на Општина Центар и заедно да придонесуваме за уште пофункционална и поуслужна локална самоуправа“, додаде Герасимовски.

Makedonski