Укинат притворот на поранешниот српски министер Горан Весиќ
Вишиот суд во Нови Сад го укинал притворот на поранешниот српски министер за градежништво Горан Весиќ со објаснување дека нема основани сомненија за тоа дека извршил тешко дело против општата безбедност, што било неопходно за да му се одреди мерка притвор.
Поранешниот министер Горан Весиќ е уапсен на 21 ноември поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 луѓе, а две тешко повредени лица.