При претрес во Гевгелија пронајдена марихуана

4

Полициски службеници од ОВР Гевгелија вчера околу 13:50 часот го привеле 46-годишниот Б.М. од Гевгелија, откако при претрес на неговиот дом и помошни простории, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, мобилен телефон, нож и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Makedonski