Георгиев: Исполнување на утврдените критериуми без дополнителни барања

4

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, изјави дека Бугарија нема и не може да постави дополнителни услови за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Тој нагласи дека членството во ЕУ не е автоматско, туку зависи од исполнување на утврдени критериуми и стандарди од страна на секоја земја-кандидат.

Во врска со неодамнешното одложување на гласањето за Извештајот на Европскиот парламент за Македонија, Георгиев појасни дека тоа се случило на барање на известувачот Томас Вајц. Тој додаде дека Бугарија дала јасен сигнал за својата конструктивност и посветеност на европските политики, нагласувајќи дека нема дополнителни барања освен оние веќе договорени во рамките на европскиот процес.

Ова е јасен и доволен сигнал за нашата доследност, со кој одговараме на загриженоста од страна на нашите соседи, кои стравуваа дека Бугарија може да постави нови услови по евентуалната промена на нивниот Устав. Тоа не било, не е и нема да биде случај.

истакна Георгиев.

Минатата недела, бугарското Народно собрание потврди дека останува посветено на европскиот консензус од јули 2022 година. Георгиев повтори дека Бугарија ја поддржува европската интеграција на земјите од Западен Балкан, но и дека стои зад принципот на „сопствени заслуги“ – односно дека секоја земја треба да го заслужи својот напредок врз основа на конкретни резултати.

Гласањето за Извештајот на ЕП за Македонија е закажано за 24 јуни.

Makedonski