Фудбалерите од „отворен Балкан“ не се странци, двајца и во Втора лига!

2

Во текот на денешниот ден на седница на УО на на ФФМ се очекувата неколку одлуки, а ќе има и корекција во правилото “странец“. Најавено е дека фудбалерите кои играат во Македонија, а доаѓаат од земјите на „Опен Балкан“‚ нема да го имаат статусот на странци во шампионатот на нашата Прва лига. Прецизната одлука се чека во текот на денов, но постои предлог двајца фудбалери (по еден од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косоцво), ама само по еден од споменатите земји да не бидат третирани како странци и да влезат во квотата со оние плус четворица за кои не се плаќа бонус. Тоа значи дека секој клуб може да има 6онус странци, а да не плаќа кон ФФМ со тоа што двајца може да бидат од споменатите земји. Засега не е прецизирано за играчите од Србија. ФФМ дава зелено светло за играчите кои доаѓаат од земји во кои веќе имаат таков третман на домашни играчи нашите фудбалери од Македонија.

Предлогот кој треба два биде усвоен се однесува и за „зелено“ светло за странци и во Втората лига и тоа максимум по двајца во секоја екипа. Тие кои сакаат „странци“ ќе мора да платат бонус кон ФФМ по 4.000 за првиот и 5.000 за вториот фудбалер кој би играл за нив, а нема македонско државјанство. Странците и во Првата и во Втората лига не влегуваат во правилото „младинец“.

Makedonski