Православниот свет денеска го одбележува празникот Задушница

6

Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница – ден посветен на споменот на сите упокоени, кој се случува во пресрет на големиот празник Духовден (недела).

Што се прави на Задушница?

Во храмовите се служи парастос (молитва за упокоените), а верниците ги посетуваат гробовите на своите најблиски, палат свеќи, се молат за простување на гревовите на покојните, принесуваат жртви – традиционално: варена пченица, вино и леб.

Македонската православна црква апелира да се избегнува прекумерно раздавање храна – вистинскиот смисол на денот е во молитвата, не во гозба.

Makedonski