Сончево и топло денеска – попладне можни врнежи и грмежи

4

Денеска не очекува претежно сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Според прогнозата на УХМР, во попладневните часови се можни изолирани нестабилности со пороен дожд и грмежи, особено во западните и планинските предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат меѓу 10 и 18 степени,
Додека максималните ќе достигнат од 25 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, со слаба до умерена облачност и ветер од југ.
Минималната температура ќе изнесува 16°C,
Максималната ќе достигне 36°C.

Од понеделник се очекува промена на временската состојба – ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се намалат за 3 до 5 степени.
Кон средината на неделата, метеоролозите најавуваат локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Граѓаните се советуваат на внимателност при престој на отворено заради високите температури, како и подготвеност на можно краткотрајно невреме во попладневните часови.

Makedonski