Вака се подигнува свест, градоначалникот на Струмица ги повика средношколците и директорите да го исчистат она што самите го расфрлале на плоштадот

7

Ја пренесуваме „наредбата“ во целост:

Наредба: Плоштадот да биде исчистен веднаш!
Полуматурата не е повод за хаос, туку момент на покажување зрелост и почит кон државата и заедницата.
Она што денес се случи на градскиот плоштад – е неприфатливо.
Јасно кажувам:
Во рок од едно деноноќие, директорите на основните училишта, заедно со наставниците и учениците, се задолжуваат да го исчистат отпадот кој самите го оставиле зад себе.
Ова не е молба. Ова е наредба.
Кој не постапи – ќе сноси последици согласно надлежностите.
Плоштадот не припаѓа на никого поединечно – тој е симбол на нашиот град. Ќе се почитува, или ќе се одговара.
Ова е првиот тест за зрела генерација – или ќе го положат, или ќе учат поинаку.
 Во Струмица владее ред. И така ќе остане.
Makedonski