Израел го уби шефот на иранската војска Мохамад Багери во денешниот напад

4

 

Иранските државни медиуми објавија дека Израел го убил шефот на иранската војска Мохамад Багери во денешниот голем воздушен напад.

 

Покрај него, загинале и главниот заповедник на Иранската револуционерна гарда Хосеин Салами и нуклеарните научници Мохамад Махди Техранчи и Ферејдон Абаси, поранешниот шеф на иранската Организација за атомска енергија.

 

Во нападот е ранет Али Шамкани, висок советник на ајатолахот Али Хаменеи.

 

Генерал-мајорот Багери ѝ се придружил на Иранската револуционерна гарда во 1980, се борел во ирачко-иранската војна во 1980-тите и во меѓувреме станал еден од најважните воени лидери во земјата. Тој бил началник на генералштабот на иранските вооружени сили од 2016.

 

Израелската војска објави дека во денешниот напад биле погодени десетици нуклеарни и воени мети и дека ова е само почеток на продолжена воена операција, при што се повикани десетици илјади војници. Во нападите учествувале околу 200 борбени авиони.

Makedonski