Аталанта подобра од Лејкерси

7

Атланта успеа да ги совлада ЛА Лејкерс на домашен терен по продолженија, во исклучително возбудлив финиш на натпреварот. Победата им припадна на домаќините, а во овој меч Богдановиќ испиша историја, станувајќи четвртиот играч во историјата на НБА што постигнал најмалку една тројка на 100 последователни натпревари.

Лејкерси успеаја со одлична игра во одбраната да спречат обид за шут на ривалот во последните секунди од регуларниот дел, со што обезбедија продолженија во неизвесниот натпревар.

И во продолженијата натпреварот беше крајно неизвесен. Во самиот финиш, Тре Јанг постигна тројка со која на Атланта ѝ донесе предност од два поени. Лејкерси не успеаја да го реализираат последниот напад, па Атланта триумфираше со 134:132.

Најпродуктивен на натпреварот беше Лејкерс-ѕвездата Леброн Џејмс, кој оствари трипл-дабл со 39 поени, 10 скока и 11 асистенции. Него го следеше Ентони Дејвис со 38 поени, 10 скока и 8 асистенции.

За Атланта, херојот на натпреварот беше Тре Јанг со 31 поен и импресивни 20 асистенции. Него го поддржаа Деандре Хантер со 26 поени и Богдан Богдановиќ со 20 поени.

Резултати:
Филаделфија – Орландо 102:94
Атланта – ЛА Лејкерс 134:132
Бостон – Милвоки 111:105
Чикаго – Индијана 123:132
Сан Антонио – Сакраменто 113:140
Годен Стејт – Минесота 90:107
Портланд – Јута 99:141

Makedonski