Само што си замина од Хајдук, сега е на пат да стане селектор на Италија

4

Џенаро Гатузо ќе разговара за преземање на репрезентацијата на Италија директно со првиот човек на Федерацијата, Габриеле Гравина. Како што објавија италијанските медиуми, Гатузо се појави како фаворит за преземање на функцијата селектор на Италија откако Клаудио Раниери официјално ја одби понудата.

Гатузо веќе зборувал за негов ангажман на чело на националниот тим со Џанлуиџи Буфон, кој моментално е директор на националниот тим. Се наведува дека преговорите меѓу Гатузо и Гравина ќе се одржат до крајот на неделава.

Makedonski