Кривична пријава за полицаец што возел пијан

4

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против Л.Д.(26) од с.Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Пријавениот Л.Д. кој е полициски службеник во Секторот за известување и координација на состојби во МВР, во април на подрачјето на Општината Кисела Вода во Скопје, управувал возило со 1,65 промили алкохол во крвта и поминувајќи на полна линија го пресекол патот на друго патничко возило и на тој начин ја загрозил личната и безбедноста на возачот и патниците од другото возило. Дополнително, откако ги запреле возилата, тој упатувал закани кон другиот возач и удирал по неговото возило.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник Л.Д. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.

Makedonski