ВМРО-Народна партија: Со пресудата врз Љупчо Георгиевски од Битола се враќа „вербалниот деликт“ од времето на комунистичка Југославија

787

ВМРО-Народна партија преку соопштение упатува загриженост за уназадувањето на демократските вредности во Македонија преку последната пресуда врз претседателот на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола, Љупчо Георгиевски со која,  како што велат од ВМРО-НП „се враќа вербалниот деликт од времето на комунистичка Југославија.“

Во соопштението на ВМРО-Народна партија се вели:

Судската пресуда во која претседателот на сега веќе бившиот културен клуб „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски е осуден на една година затвор, за
ВМРО-Народна партија претставува враќање на вербалниот деликт со кој масовно се казнуваа граѓаните во комунистичка Југославија.

Од една страна тој претставува длабоко недемократски чин со кој се застрашуваат граѓаните на Македонија да размислуваат и зборуваат по нивното слободно уверување и убедување, а од друга пак тоа е удар и врз македонската историја преку обид за судење на историската улога на Ванчо Михајлов за што не се дрзнала ни комунистичка Југославија.

Оваа судска одлука ја демонстрира и хипокризијата на македонскиот правосуден систем со оглед на фактот дека масовно на српските одбележувања на битките кај Зебрњак, Брегалничката битка, Денот на победата во Битола како и Валандовското востание, српските претставници го употребуваат терминот „Јужна Србија“, „Стара Србија“ или „ослободување на србите во Македонија.“

И конечно ваквата одлука би требало да има и понатамошни правни последици со оглед на тоа дека во статутот на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ јасно е утврден континуитетот со трите конгреси на ВМРО под водство на Ванчо Михајлов.

Во секој случај вакавата судска одлука е срам за македонската демократија и претставува нејзино значително уназадување.

Makedonski