ЛШ квалификации: Денеска е ждрепката, ова се петте можни ривали на Шкендија!
Денеска во 14 часот во Нион, ќе се одржи ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Утринава УЕФА го скрати списокот со можни противници на Шкендија и ја смести во групата 1 меѓу оние екипи кои се неносители.
Па така сега и дефинитивно се знае дека шампионот на Македонија денеска на ждрепката за противник ќе добие една од овие екипи:
Малме (Шведска), Жалгирис (Литванија), ФЦ РФС (Летонија), КуПС (Финска) и Њу Саинтс (Велс). Со тимот од Велс тимот на Шкендија има играно и победено во двомечот пред неколку години.