45 Палестинци убиени додека чекале камиони со помош

4

Во израелски оган убиени се најмалку 45 Палестинци во градот Кан Јунис, додека чекале камиони со помош во јужниот дел на Појасот Газа, пренесе „Гардијан“.

Како што информира Министерството за здравство, повредени се десетици други лица. Настанот се случил откако пет палестински цивили беа убиени и многу други повредени,во напад на израелските сили врз луѓето кои чекале помош во северозападниот град Газа вчера вечер.

Вчера исто така, беа убиени 37 лица во пукотници во близина на центри за дистрибуција на храна управувани од приватни американски изведувачи кои ги чуваат израелски војници.

Makedonski