Тројца повредени во тепачка со ножеви во Чаир
Вечерва околу 19:48 часот, на крстосницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ во Чаир, избувнала физичка пресметка по недоразбирање, во која учествувале 14-годишник, 18-годишник и 64-годишно лице, сите од Скопје. Според МВР, биле употребени ножеви, а сите тројца завршиле со телесни повреди.
Повредените се пренесени во болница, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.