Сомнеж за саботажа: Исклучен Блок 2 на РЕК Битола поради пожар

9

Утрово автоматски беше исклучен Блок 2 на РЕК Битола откако се активираше заштитен механизам поради појава на зголемена температура во делот за електронско управување. Според првичните информации, температурата била резултат на опожарени дрвени елементи во непосредна близина на ормарот за електроника.

Поради сомнежи за саботажа, на лице место е присутна криминалистичката полиција, која спроведува увид. По завршувањето на истрагата, стручни тимови ќе направат детална анализа за да се утврди евентуалната материјална штета, како и точните причини за пожарот.

Во моментов, Блок 1 е во редовен годишен ремонт, додека Блок 3 е исклучен поради намалена побарувачка од страна на ЕВН Хоум.

Од АД ЕСМ информираат дека потребите за електрична енергија на граѓаните се целосно покриени, преку производство од хидроелектраните и преку увоз на струја.

Надлежните институции најавуваат целосно расчистување на случајот и информирање на јавноста по завршување на увидот и истрагата.

Makedonski