Пронајден починат маж во неговиот дом во Карпош
На 20 јуни 2025 година, околу 13:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во стан на подрачјето на општина Карпош бил пронајден починат 52-годишниот И.П. од Скопје.
Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.