Нападот на САД врз Иран може да предизвика ценовен шок на глобалните пазари

6

Најновата воена ескалација на Блискиот Исток, по нападот на САД врз иранските нуклеарни објекти, може да доведе до силна и импулсивна реакција на глобалните финансиски пазари, предупредуваат инвеститорите и аналитичарите. Според нив, првата последица би можела да биде нов скок на цената на нафтата.

Клучната загриженост е влијанието на зголемените геополитички тензии врз понудата на енергенси и растот на инфлацијата. Високите цени на енергијата директно го поттикнуваат растот на цените на останатите производи и услуги, што би можело да ја поткопа довербата на потрошувачите и да ја намали веројатноста за намалување на каматните стапки во блиска иднина.

„Ова додава комплексен нов слој на ризик што ќе треба внимателно да го следиме“, изјави Џек Аблин, главен инвестициски директор во Cresset Capital. „Ова дефинитивно ќе има влијание врз цените на енергијата, а потенцијално и на инфлацијата.“

Експертите проценуваат дека новата ескалација би можела да ги одложи плановите на централните банки за попуштање на монетарните политики, особено ако дојде до долготраен раст на цените на нафтата.

Во вакви околности, пазарите би можеле да станат поволатилни, а инвеститорите да се ориентираат кон побезбедни средства како што се златото и државните обврзници. Во меѓувреме, вниманието на светската јавност останува насочено кон Блискиот Исток и евентуалните нови потези на Вашингтон и Техеран.

Makedonski