ДОМ излегува од коалицијата со СДСМ и најавува нов политички правец

8

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) на седницата на Централниот одбор одржана на 21 јуни донесе три клучни одлуки со кои го трасира новиот политички правец на партијата. Со овие одлуки, ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ, најавува нова граѓанска платформа и ќе настапи самостојно на претстојните локални избори.

Првата одлука е излегување од коалицијата со СДСМ, што партијата го оценува како принципиелен чекор за заштита на својот вредносен интегритет. „Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока“, стои во соопштението на партијата.

Втората одлука е формирање на „Коалиција за зелена иднина“, отворена платформа за соработка со граѓанскиот сектор и локалните заедници. Целта е поддршка на автентични кандидати од граѓаните, за граѓаните, како одговор на политичката затвореност и исклучување на независните кандидати.

Третата одлука се однесува на настап на локалните избори без партнери од традиционалните политички структури. ДОМ најавува поддршка за луѓе со интегритет и врска со локалната заедница, кои ќе ја водат политиката на зелени, праведни и инклузивни вредности.

„Ова е повик за сојузништво, храброст и за ново лице на Македонија“, порачаа од ДОМ, истакнувајќи дека остануваат доследни на својата мисија за европска и еколошка иднина на земјата.

Makedonski