Скопската градоначалничка повторно во „лов“ на дивоградби

4

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска  повторно се огласи преку нејзиниот „Фејсбук“ за нов објект за кој таа вели дека е дивоградба, а има 12 спрата и 50 станови.

Во нејзината објава уште се вели:

Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата над 50 станови незаконски градени сега со обид да се прикажат дека се од 2011, со нелегален приклучок на струја, нелегален приклучок на вода и МНОГУ ЗАКАНИ!
Дрскоста оди до таму што денес копаат булевар за диво да се приклучат на водоводна и канализациона мрежа, демек во недела нема никој да ги фати, а на струја веќе див приклучок си направиле.
Во текот на утрешниот ден Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе добие уште еден предмет со илјадници страни фалсификати и злоупотреби од Општина Чаир. Инволвирани повеќе функционери и вработени во општина Чаир.
Makedonski