Сончево и топло со температури до 38 степени
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне до 38 Целзиусови степени во јужните делови од државата.
Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец и максимална температура до 37 Цезиусови степени.
И за утре временската прогноза е сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и денвни температури до 39 Целзиусови степени.