ИЈЗ со итни препораки за заштита на повозрасните лица од екстремните горештини

1

Со оглед на екстремните температури кои денес достигнуваат до 41°C, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утрово излезе со итни јавно-здравствени препораки за лицата над 65 години, кои се сметаат за најранлива категорија во услови на топлотен бран.

Овие лица потешко се прилагодуваат на температурни промени, често имаат хронични болести и користат терапии кои го менуваат начинот на кој телото реагира на топлина.

појаснуваат од ИЈЗ.

Препораки за лицата над 65 години:

  • Избегнување на изложеност на сонце од 11 до 17 часот
  • Носење светла, лесна, памучна облека, капа и очила за сонце
  • Пиење вода почесто од вообичаено, дури и без чувство на жед
  • Избегнување на алкохол, кофеин и екстремно ладни пијалаци
  •  Избегнување на готвење со шпорет и рерна во топлите часови
  • Редовно земање на терапијата, особено кај хронично болните
  • Контакт со матичен лекар при било какви симптоми

ИЈЗ потсетува дека посебно внимателни треба да бидат оние со болести на срцето, белите дробови и нервниот систем, а воедно апелира до семејствата, соседите и пријателите да им помогнат на повозрасните со информации и грижа.

„Секој ден еден телефонски повик или кратка посета може да спаси живот“, порачаа од ИЈЗ.

Makedonski